(ВИДЕО) Безбедносна камера успеа да „улови“ метеорит кој падна на прагот на една куќа

Камерата за надзор на еден канадски дом сними видео од метеорит кој го погоди прагот на нивниот дом. Овој настан е исклучително редок, бидејќи видеото содржи и звук.

Кога Лора Кели и нејзиниот партнер се вратиле дома по попладневната прошетка минатото лето, тие биле изненадени кога го виделе нивниот двор преполн со прашина и необични остатоци.Настанот го потврди од Метеоритното друштво кое го објави и видеото.

При проверката на безбедносната камера Кели видела нешто што паднало на нивниот праг, при што се појавил густ облак од чад, придружен со звук на крцкање.

Тие го пријавиле видеото до Системот за известување за метеорити на Универзитетот во Алберта. Крис Хрд ги земал остатоците од метеоритот за да го потврди неговото меѓуѕвездено потекло.

Метеоритите се мали вселенски камења кои успеале да го преживеат патот низ Земјината атмосфера. Околу 48 тони сличен отпад ја погодуваат Земјата секој ден, но според НАСА, многу е поголема веројатноста да паднат во океан отколку на нечиј праг.

Метеоритот е всушност „ѕвезда која паѓа“ и се забележува на ноќното небо.

Се верува дека ова е прв пат, освен видео, да биде снимен и звук од метеорит кој паѓа на Земјата. Има многу видеа на кои може да се види метеорит, но сега јавноста ја има и  привилегија да слушне како еден метероит се соединува со Земјата.

Вселенскиот камен официјално беше регистриран минатиот понеделник. Го доби името Шарлоттаун, по градот на островот Принц Едвард во источна Канада, каде што удри.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни