ВИДЕО: Баја Мали Книнџа го прекинал концертот откако публиката почнала да вика „Пумпај!“

Мирко Пајчин, попознат како Баја Мали Книнџа, во саботата одржал концерт во салата Језеро во Крагуевац, кој, според очевидци, бил прекинат откако публиката почнала да скандира „пумпај“.

На социјалните мрежи беше објавено видео од салата Језеро кога толпата ја изрази својата поддршка за студентите во блокадата и едногласно почна да извикува „пумпај“ за време на концертот.

Баја Мали Книнџа го прекинал концертот во Крагуевац кога публиката почна да извикува „пумпај“, напишал еден корисник на Х.


Пајчин одржа концерт во Спенце во Нови Сад неполн месец по смртта на 15 лица при уривање на настрешница на Железничката станица, што предизвика многу негативни коментари.

Баја Мали Книнџа е еден од омилените пејачи на СНС, пишува Н1, а неговите песни беа пуштени на симпатизерите на Напредната партија пред митингот во Сремска Митровица, кој се одржа на 15-ти февруари годинава.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни