Линда од англискиот град Рединг фрли порака во шише во Темза или Северното Море во 2007 година, а во 2018 година шишето беше пронајдено на германскиот остров Силт, а неговата содржина беше целосно нејасна и неразбирлива за пронаоѓачите.
ChatGTP и други алатки за вештачка интелигенција (ВИ) овозможија декодирање на делови од писмото, но сега е невозможно да се најде Линда, која побара одговор од оној што ќе го најде шишето со порака.
Малте Бајер и неговото семејство од германскиот регион Црна Шума го пронајдоа шишето и писмото украсени со цртежи од шарени риби, морски коњчиња и чамци додека шетаа по плажата.

Успеав да разберам два збора – Англија и градот од кој е испратено, рече тој. Потоа, Баерови го зачуваа пронајденото шише меѓу школките во корпа, како сувенир од нивниот одмор.
Вештачката интелигенција може да дешифрира и хиероглифи
Но, сопругата на Бајер неодамна го потсети на шишето и писмото, и со оглед на тоа што тој работи на вештачка интелигенција, реши да се обиде да го дешифрира уште еднаш.
Знаејќи дека вештачката интелигенција може да дешифрира и хиероглифи, Малте откри писмена порака: Кој и да го најде ова, ве молам пишете ми, проследена со адресата: 5 Rosslyn Crescent, Reading, England.
Компанијата што моментално е со седиште на таа адреса нема никакво знаење за Линда. Според анализата, тие веруваат дека кога таа ја напишала пораката и го испратила шишето, девојчето било во раните тинејџерски години.
Експертот за вештачка интелигенција, Мајкл Ханиш, рече дека скенирањето и анализата би можеле да ги направат другите стари текстови повторно разбирливи и читливи.
Новите „големи јазични модели“ (LLM) се подобри во дешифрирањето на контекстот од старите бидејќи ги гледаат текстовите и сликите како ист елемент. Новите модели се способни да ги пополнат недостасувачките делови, рече Ханиш.
„Откако вештачката интелигенција ќе види порака во шише или нешто слично, може да прави заклучоци, вклучувајќи текст и адреси.