Вештачката интелигенција ќе ја предизвика следната енергетска криза

Вештачката интелигенција (ВИ) троши толку многу енергија што се очекува до 2030 година на центрите за податоци за развој на оваа технологија во Европа да им треба речиси три пати повеќе енергија, се вели во студијата на консултантската фирма „МекКинси“.

Се предвидува дека побарувачката на електрична енергија ќе надмине 150 терават-часови (TWh) до 2030 година од денешните 62 TWh.

Тоа значи дека околу 5 отсто од вкупната потрошувачка на енергија во Европа ќе оди на вештачка интелигенција, додека таа моментално троши околу 2 отсто.

Зголемената потреба на вештачката интелигенција за електрична енергија може да ги забрза климатските промени. Во моментов, голем дел од електричната енергија за центрите за податоци сè уште доаѓа од фосилни горива.

Обновливите извори на енергија се достапни само во ограничен обем. Покрај тоа, постојат тесни грла во достапноста на квалификувани работници.

Студијата, исто така, укажува дека дополнителната побарувачка за зелена електрична енергија бара големи инвестиции во обновливите извори на енергија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни