Едно лице загина во судир на три автомобили на Ибарската магистрала, соопшти српското Министерство за внатрешни работи, а пренесе Танјуг.
Како што е наведено, судирот на три автомобили се случил околу 10:55 часот во близина на Бараево.
Како што неофицијално дознава „Блиц“, повеќе од две лица се здобиле со полесни повреди во овој верижен судир во кој учествувале три возила.