Венс: САД нема да испратат војска во Газа или Израел

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека нема планови за распоредување американски трупи во Газа или Израел, и покрај мировните напори.

Потпретседателот на САД Џеј Ди Венс изјави дека, и покрај улогата што САД ја одиграа во постигнувањето на новиот договор за прекин на огнот во Газа, нема планови за испраќање американски трупи ниту во Газа, ниту во Израел.

„Не планираме да пратиме војници ,“ изјави Венс за NBC во интервју емитувано денес, додавајќи дека ова се однесува и на Газа и на Израел.

Венс рече дека, пред истекот на рокот во понеделник, преостанатите израелски заложници во Газа би можеле да бидат ослободени „во секој момент“.

Овие коментари доаѓаат во пресрет на мировниот самит во Шарм ел Шеик, Египет, кој ќе биде претседаван од американскиот претседател Доналд Трамп и египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, а на кој ќе присуствуваат претставници од над 20 земји.

Минатиот месец, Трамп претстави план за прекин на огнот во Газа од 20 точки, кој вклучува: ослободување на сите израелски заробеници во замена за околу 2.000 палестински затвореници, трајно примирје и постепено повлекување на израелските сили од целиот Појас Газа.

Од октомври 2023 година, израелските напади убиле над 67.600 Палестинци, главно жени и деца, правејќи ја енклавата во голема мера ненаселива.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни