Ансамблот „Танец“ најавува велигденски концерт во Македонскиот народен театар

Националниот ансамбл „Танец“ ќе одржи велигденски концерт во Македонскиот народен театар со богата програма на македонски ора и песни.

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ најавува традиционален велигденски концерт под наслов „Велигденско празнување“, кој ќе се одржи на 8 април 2026 година во Македонскиот народен театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот.

Концертот е дел од новата концертна сезона „Пулсот на предците во ритамот на денешницата“. Ансамблот „Танец“ ќе претстави програма која ја спојува вековната традиција со модерниот сензибилитет, со безвременски кореографии, моќни гласови на хорот и солистите, раскош на македонските народни носии, секоја со своја приказна и вез. Овој концерт го слави животот и воскреснувањето на традицијата во новото време.

Билетите се достапни на билетарницата на МНТ и онлајн преку официјалната мрежа на театарот. Организаторите ги повикуваат сите љубители на македонското фолклорно богатство да присуствуваат и да уживаат во богатата програма што ја спојува традицијата со енергијата на врвните уметници на „Танец“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни