Од Здружението на спортски риболовци (ЗСР) „Бабуна“ од Велес потенцираат дека годинава нема услови за порибување со 300 тони крап на езерото „Младост“, бидејќи водата е загадена и дека рибата ќе угине.
Дека водата е загадена и беа кислород и со фекалии и не е препорачано порибување имаат добиено и допис врз база на направена анализи на водата од стручњаците од Хидробиолошки завод од Охрид. Од ЗСР „Бабуна“ овој допис го доставиле и до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и до Државниот инспекторат за земјоделство, шумарство и водостопанство кој им го одложил поробувањето во јануари и им наложил да го извршат до15 јуни годинава.
Но, како што изјави за МИА, Даниел Наумовски претседател на ЗСР „Бабуна“, и сега по пет месеци не се подобрени условите на водата во езерото и таа и понатаму е загадена и е потребно брзо прочистување, како и дотур на свежа вода, па потоа да се пориби. Тој потсети дека тие се должни како концесионери на рибниот фонд на езерото еднаш годишно да го порибат, што беше пракса од нивна страна во сите изминати години.
-Ние како концесионери со рибниот фонд имаме законска обврска еднаш годишно да го порибиме езерото, но годинава сме против порибување, бидејќи езерото „Младост“ е загадено. Воедно рибата која ни доаѓа за порибување е од чиста вода, а ако ја порибиме во загадена вода со фекалии таа ќе изумре, потенцира Наумовски.
Тој појасни дека неговата заложба до надлежниот Државен инспекторат е да се пролонгира порибувањето на езерото „Младост“ додека не се прочисти.
-И покрај извештаите од Хидробиолошкиот завод од Охрид испратени до МЗШВ и до Државниот инспекторат за земјоделство, шумарство и водостопанство во кое е наведено стручна анализа за лошата – катастрофална состојба со водата загадена со фекалии и без кислород, сепак инспекторите ни наложија најдоцна до 15 јуни да извршиме порибување на езерото. Ние како концесионери тоа сме го правеле со години, но годинава сме против тоа, бидејќи ќе биде залудно. Ние не можеме да ја одржиме во живот и постојната риба во езерото, а камоли да порибиме и друга, зашто езерото е загадено и рибата ќе изумре. Ние им доставивме и препораки од стручњаци за вода од Хидробиолошкиот завод, но во Државниот инспекторат засега се глуви на нашите молби, потенцира Наумовски.