„Ве повикуваме да се собереме заедно и да ги пречекаме нашите колеги кои носат со себе енергија, истрајност и заедништво. Нивното пристигнување ќе го разубави Белград, а нашето присуство ќе го направи овој момент уште посебен“, истакнаа организаторите на протестот.
Студентите, кои утре организираат голем протест, се радуваат на заедничкото делење на овој историски момент. Тие истакнаа дека програмата за величествениот пречек е веќе подготвена и ги покануваат сите заинтересирани да бидат дел од оваа важна активност.