Вечерва е финалето на фудбалскиот куп на Македонија, „новиот“ пехар носи и излез во Европа

За Вардар ова ќе биде прво финале на купот по 18 години откако последен пат во финалето играше во 2007 година.

Вечерва од 20.00 часот на „Градски“ во Скопје екипите на Вардар и Струга Трим Лум ќе го играат финалниот меч од 32. фудбалски куп на Македонија.

За Вардар ова ќе биде прво финале на купот по 18 години откако последен пат во финалето играше во 2007 година.

Таа година пак, Струга Трим Лум не ни постоел како клуб, затоа што е фомиран во 2015 година, а во кратката историја два пати станал шампион во првата македонска лига, прво во сезоната 2022/23, а потоа и во 2023/2024.

Куриозитет за ова финале е што по долги години се изработи нова верзија на пехарот на Купот.

Тоа се случува од причина што на пехарот се гравира името на освојувачот и сезоната, а на стариот пехар, едноставно сите места за гравирање се пополнети.

Освојувачот на Купот на Македонија освен трофеј, ќе добие и излез во Европа, односно ќе има можност да се натпреварува во квалификациите на Европската конференциска лига.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни