Враќањето на „Артемис II“ може да се следи и онлајн, преку официјалните канали на НАСА и неколку големи стриминг-платформи. Според НАСА, официјалниот пренос почнува на 10 април во 18:30 по источноамериканско време, што е 11 април во 00:30 по македонско време, додека приводнувањето на капсулата „Орион“ е планирано за 20:07 EDT, односно 02:07 по македонско време.
Преносот најлесно може да се следи преку NASA+ и преку официјалниот YouTube канал на NASA. Освен таму, НАСА објави дека враќањето ќе биде достапно и на Amazon Prime, Apple TV, Netflix, HBO Max, Discovery+, Peacock и Roku.
За гледачите, најинтересен ќе биде последниот дел од мисијата, кога „Орион“ ќе влезе во атмосферата со огромна брзина, ќе помине низ очекуван краток прекин на комуникацијата, а потоа ќе ги отвори падобраните пред приводнувањето во Пацификот, кај брегот на Сан Диего. Токму оваа фаза се смета и за најчувствителниот дел од целата мисија.