„Вдоми Љубов“ – фестивал посветен на вдомувањето на кучиња 

Од ЈП „Лајка“ велат дека фестивалот има за цел да го привлече вниманието кон важноста на вдомувањето, наместо купување миленичиња

Во Градскиот парк во Скопје денеска се одржува настанот „Вдоми Љубов” – фестивал, посветен на вдомувањето на кучиња и одговорното сопствеништво.

Како што најавија организаторите од ЈП „Лајка“, фестивалот има за цел да го привлече вниманието кон важноста на вдомувањето, наместо купување миленичиња, и да ја приближи работата на ова претпријатие до пошироката јавност.

Во рамки на програмата се предвидени две интерактивни игри со кучиња и нивните сопственици, модна ревија со кучињата на Лајка, стилизирани од дизајнерката Ирина Тошева, а сошиени од жените од КПУ Идризово, штанд за ветеринарни совети, како и совети од професионален дресер.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни