Еднодневен фестивал посветен на нашите најверни пријатели – кучињата. 

Вдоми љубов фест во Градски Парк

„Со оваа ревија сакаме да потсетиме дека тие се тука и сѐ уште го бараат својот дом. Сакаме да потсетиме дека вдомувањето го отвора срцето за поинаква љубов, но е и хуман чин за оние кои не по свој избор се родиле или останале на улица“ велат од Лајка.

На 31 мај во 11 часот во Градски Парк, ќе се одржи настанот Вдоми љубов фест. Настанот е организиран со цел да се поодигне свесноста за вдомувањето на бездомни животни и да промовираме одговорно сопствеништво на миленици.

„Драги пријатели, со голема радост ве покануваме заедно со вашите крзнени членови на семејството на настан каде што ќе се дружиме, натпреваруваме и наградуваме. Предвидени се два натпревари на кои кучињата ќе бидат најголемите ѕвезди, но и ревија на кучињата на Лајка кои се во потрага по својот дом. Кучињата во ЛАЈКА копнеат по љубов и сопствен дом. Преку оваа иницијатива, сакаме да им помогнеме да си го остварат својот сон и да имаат фамилија што ќе ја наречат своја, како и да ја едуцираме јавноста за важноста на хуманото третирање на животните. Ниедно куче не е на улица по сопствен избор“ велат од Лајка.

Распоред на активности

Почеток и топло добредојде на сите присутни 11.00 – 11.40 часот
Отварање на настанот со ревија на кучињата од Лајка – 20-30 минути
Игра 1: Покажи што знаеш 40 минути
Игра 2: Најди ја наградата 30 минути

Ве очекуваме на заедничка дружба и многу награди!

Посетителите ќе имаат можност да уживаат додека кучињата од Лајка парадираат во круг. Додека парадираат заедно со своите негователи испраќаат порака испишана на лист.

„Со оваа ревија сакаме да потсетиме дека тие се тука и сѐ уште го бараат својот дом. Сакаме да потсетиме дека вдомувањето го отвора срцето за поинаква љубов, но е и хуман чин за оние кои не по свој избор се родиле или останале на улица“ велат од Лајка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни