Повторно нашето културно богатство е стационирано на светската културна манифестација Венециско биенале. Делото на Славица Јанашлиева во контекст на годинашната тема “Странци насекаде”, со наслов „Помеѓу надеж и страв“ / ”Inter Spem et Metum” се занимава со аспектот на странецот, на „другиот“, виден низ многу слоевити нивоа на антиципација на контекстот.
Проектот го курираше Ана Франговска, кустос советник во Националната галерија.
„Можам да кажам дека делото веќе го привлече вниманието на домашните и меѓународните медиуми како Art News, E-flux, It’s Liquid, Art Review, а најавени се и интервјуа со авторката со новинари на странски и локални медиуми. Ваквиот интерес дополнително потврдува дека нашата земја има уметници за кои вреди да се бориме, да бидат поддржани.“
„Како комесар сакам да изразам голема благодарност до целото Министерство за култура на чело со Бисера Костадиновска-Стојчевска, до Министерството за надворешни работи и министерот Бујар Османи кои со своите институционални капацитети не поддржаа во сите предизвици кои се составен дел од вакви големи проекти, за големото разбирање на нашите потреби и пронаоѓање на солуции.“
„Синоќешното отворање беше одлична можност за повеќе од три стотини лица кои постојано доаѓаа во различни интервали, во периодот од 3 часа предвиден за посета на самиот ден на отворањето. Местоположбата и самиот концепт се доволна причина за очекување на бројна посетеност во наредните без малку осум месеци. Да не има на светската културна мапа, еднакви меѓу останатите светски уметнички елити е чест и привилегија која се постигнува со учество на вакви манифестации како Биеналето.GREETINGS FROM OUR PAVILION!“<br><br> -Комесар, д-р Дита Старова Ќерими.
Моменти од отворањето на Македонскиот павилјон синоќа.
„Тоа беше прекрасно заедничко патување на размислување за повеќеслојниот и трансмедијален проект на Славица Јанешлиева „INTER SPEM ET METUM“ во прекрасната зграда на Scuola dei Laneri. Ви благодариме драги пријатели што прославивте со нас! Сега Павилјонот е отворен за пошироката публика и во него можете да уживате секој ден, освен понеделник од 11 до 19 часот.Трансмедијалниот и транснаративен проект INTER SPEM ET METUM на Славица Јанешлиева претставува визуелно исчистена и концептуално предвидена просторна инсталација, која на прилично чувствителен и имагинативен начин нè фрла во цивилизацискиот отпад. Преку мултидимензионални, медиумски платформи и материјали, како што се пердуви, лед-неонски знаци, проекции, огледала, Јанешлиева нè лансира во неколку концептуално-наративни матрици, каде што нè поттикнува да се соочиме со чувството да се биде странец, она кое е присутно насекаде: во себе, во тебе, во нив, во нас… Имено, таа нè предизвикува со прифаќање или неприфаќање на различните етикети од познатите и обичните на масите; опфаќајќи ги разликите врз основа на пол, сексуална ориентација, изглед, однесување, став, болест, националност, религија, јазик, политичка ориентација…
Вознемиреноста и неизвесноста на нашата денешна реалност е апче тешко за голтање; сепак мора да се соочиме со сегашната криза на масовна миграција и продорното чувство за „другост“ насекаде околу нас и во нас. Но, само преку отворени врати и дијалози можеме да ги ублажиме вознемиреноста предизвикани од хиперилузорните и лошо замислените стравови на странецот. Иако не е јасно дали некогаш можеме целосно да ја искорениме вознемиреноста што ни тропа на вратата, Intet Spem et Metum го обезбедува метафоричниот клуч потребен за да се задржат вратите (дијалошки, физички или на друг начин) отворени за сите слоеви на човештвото за да можат да стапнат, над прагот, колку и да звучи утописки.“
– Д-р Ана Франговска, куратор
Проект на Министерство за култура на Република Северна Македонија
Фотографии: Роберт Јанкулоски