Здравственото состојба на папата Фрањо, кој е во болница поради воспаление на плуќата, и понатаму е критична, но ноќта помина добро, соопшти Ватикан утрово.
„Ноќта помина добро, папата се одмара“, се вели во краткото соопштение.
Римокатоличкиот поглавар денеска е 11 ти ден во болница.
Папата Фрањо (88) беше примен во болницата Џемели во Рим на 14. февруари, каде докторите утврдија воспаление на двете плуќа.
Извор Бета