Ватикан може да здивне, состојбата на папата се подобрува

“Клиничката состојба на Светиот Отец во последните 24 часа покажува благо подобрување”, се наведува во соопштението, но без прецизирање дали неговото здравје и понатаму е критично.

Здравствената состојба на Папата Франциск покажала „благо подобрување”, но тој се уште останува во болница поради пневмонија, соопшти Ватикан.

CT снимката на неговите бели дробови „покажала нормална слика” се наведува во последното соопштение на Ватикан во средата, додека „благата бубрежна инсуфициенција”, која му била дијагностицирана во неделата, “се повлекла”.

“Клиничката состојба на Светиот Отец во последните 24 часа покажува благо подобрување”, се наведува во соопштението, но без прецизирање дали неговото здравје и понатаму е критично.

Докторите сè уште даваат воздржани прогнози.

Папата ја поминува својата 13. ноќ во болницата Џемели во Рим, каде, како што се наведува, нормално јаде и извршува некои работни обврски. Ватикан соопшти дека тој примил голем број на писма и честитки со добри желби.

Папата беше хоспитализиран на 14 февруари, по што му беше дијагностицирана инфекција на дишните патишта и воспаление на дваете белодробни крилца.

Папата е склон на инфекции на белите дробови бидејќи како млад имал воспаление на плеврата (плеуритис), при што му бил отстранет дел од едно белодробно крило додека се школувал за свештеник во родната Аргентина. Во последните неколку години се соочува со здравствени проблеми. Во март 2023 година бил хоспитализиран поради воспаление на белите дробови, а во јуни 2021 година бил подложен на операција на дебелото црево. Поради ишијас и проблеми со коленото, често користи инвалидска количка или стап.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни