Ватикан ги осуди нападите врз Иран: „Цел свет може да заврши во пламен“

„Доколку на државите им се даде право на „превентивна војна“… целиот свет би можел да биде во опасност да заврши во пламен“ велат од Ватикан

Водечкиот дипломат на Ватикан во средата предупреди дека сегашните напади на САД и Израел врз Иран го поткопуваат меѓународното право и, во невообичаено директна критика на воената кампања, додаде дека нациите немаат право да започнуваат „превентивни војни“.

„Доколку на државите им се даде право на „превентивна војна“… целиот свет би можел да биде во опасност да заврши во пламен“, изјави кардиналот Пјетро Паролин, државен секретар на Ватикан, во интервју за Vatican News.

Запрашан за нападите меѓу САД и Израел, кои сега се во петтиот ден, Паролин рече дека тие предизвикале „слабеење на меѓународното право што е навистина алармантно“. „Владеењето на силата ја замени моќта на правото, со верувањето дека мирот може да дојде само откако непријателот ќе биде уништен“, изјави кардиналот за ватиканските медиуми.

Ватикан избегнува отворени критики

Невообичаено е дипломатите на Ватикан отворено да критикуваат одредени воени кампањи. Тие обично претпочитаат да избегнуваат изјави во медиумите и да работат зад сцената, оставајќи ја отворена можноста Црквата да служи како потенцијален посредник во конфликтите.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нападите врз Иран биле неопходни за да се спречи земјата да развие нуклеарно оружје, што Техеран го негира, и да се спречи иранската програма за развој на балистички ракети со долг дострел.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни