Сикстинската капела во Ватикан денес е затворена, а кардиналите се собраа за да изберат нов папа.
Папата Франциско беше погребан во саботата во базиликата Света Марија Велика, а на Плоштадот Свети Петар во Рим тогаш се собраа стотици илјади луѓе, како и значаен број светски лидери.
Сикстинската капела моментално се подготвува за конклавата – собрание на кардинали што ќе избере нов папа по завршувањето на деветдневната жалост, која ќе започне помеѓу 5 и 10 мај.
Туристите кои успеале да влезат во Сикстинската капела во неделата сметаат дека имале среќа, имајќи предвид дека не се знае колку ќе трае конклавата.
„Мислам дека имавме голема среќа што можевме да бидеме последната група посетители што дојде денес. Знаете, нашето патување немаше да биде комплетно ако не го видовме ова прекрасно место“, изјавил еден турист.