Васил Хаџиманов: Македонија има посебно место во моето срце и во мојата душа

Васил Хаџиманов е вистинска музичка институција која преку својата маестралност како пијанист, композитор и аранжер, ги поврзува културните наследства на Србија и Македонија. Роден во Белград на 23-ти јуни 1973 година, Васил го означува почетокот на нова ера во светот на џезот и музиката, со неговата неодолива енергија и уникатна музикалност. Како потомок на истакнати музички фигури како Зафир Хаџиманов и Сенка Велетанлиќ, Васил не само што ја наследи, туку и ја продолжи богатата музичка традиција на Балканот, како едно „југословенско“ дете.

За Скопје вели дека го врзуваат многу длабоки спомени, а омилен дел од градот му се Дебар маало и Кисела вода. Месецов го оживува споменот на дедо му Васил и татко му Зафир и за нив вели дека се величини од кои ти застанува здивот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни