Некогаш врв на технолошкиот напредок, денес вистински колекционерски скапоцености – старите мобилни телефони повторно се во мода и може да ви донесат сериозна заработка.
Колку вредат?
Nokia 7280 – позната по уникатниот дизајн налик на кармин, денес достигнува цена од околу 190 евра.
Motorola International 3200 – првиот преносен дигитален телефон од 1992 година, вреди до 200 евра.
Motorola MicroTAC 9800X од 1989 година има слична вредност.
Motorola Razr2 – популарен телефон на преклоп, и денес се продава за 100 до 200 евра.
Apple iPhone 2G и 3G – ако ги имате во оригинално пакување, можат да достигнат цена до 1.000 евра!
Ако дома чувате стари телефони – проверете ја нивната вредност на интернет пазарите (eBay, OLX, итн.). Колекционерите бараат ретки и добро сочувани модели!
Носталгијата може да биде профитабилна – можеби баш вашиот стар мобилен чека нов сопственик… за добра цена!