Генералната обвинителка на сојузната држава Њујорк, Летиција Џејмс, која со повеќе тужби го гонеше Доналд Трамп и неговата компанија пред тој да биде избран за претседател, е под истрага поради наводни измами со недвижности, објави весникот „Вашингтон пост“.
Според наводите, Џејмс е осомничена за фалсификување банкарски документи и регистри на имот со цел да добие државни субвенции и поволни кредити. Истрагата започнала по поднесена кривична пријава до генералната обвинителка на САД, Пам Бонди.
Весникот потсетува дека Џејмс, како и други државни обвинители од Демократската партија, поднесувала бројни тужби против администрацијата на Трамп, вклучително и случајот против „Trump Organization“ а за наводни измами.
Адвокатот на Џејмс ги отфрли обвиненијата како „најнов акт на несоодветна политичка одмазда“ на администрацијата на Трамп.