Вашингтон Пост: САД ѝ предложиле на Украина да го признае Крим

Пред десет години, Русија го анектираше Крим, отворајќи го патот за војната во Украина.

САД ѝ предложиле на Украина да го признае руското припојување на Крим, како и да се запре војната на сегашната линија на фронтот, како дел од потенцијален договор за завршување на војната во Украина, објави Вашингтон Пост (VP), повикувајќи се на неколку неименувани извори.

Како што наведува Вашингтон Пост, американски претставници го изнеле тој предлог пред украинската делегација за време на состанок во Париз минатата недела.

Претходно денес, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина не може „де јуре“ да го признае отцепувањето на Крим, бидејќи тоа е спротивно на украинскиот Устав.

Пред десет години, Русија го анектираше Крим, отворајќи го патот за војната во Украина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни