„Вашингтон пост“ отпушти една третина од вработените

Масовните отпуштања ги погодија речиси сите оддели, а раководството најавува фокус на политика и профитабилност

Весникот Вашингтон пост утринава отпушти околу една третина од своите вработени, во еден од најголемите резови во историјата на редакцијата, јавуваат американските медиуми. Отпуштањата ги зафатија речиси сите оддели на компанијата, која е во сопственост на Џеф Безос.

Вработените биле информирани да останат дома додека се испраќале известувањата за отказите. Според интерна порака од извршниот уредник Мет Мари, кратењата значително ја намалуваат градската редакција, речиси целосно го гасат спортскиот оддел, ја укинуваат рубриката за книги и дневниот подкаст „Post Reports“, како и дел од меѓународното известување.

Раководството тврди дека реструктурирањето е неопходно за враќање на весникот во профитабилност и дека идниот фокус ќе биде на политика, национална безбедност, истражувачко новинарство, технологија, здравје и теми со висок читателски интерес. Сепак, дел од новинарите остро реагираа, оценувајќи дека одлуките се идеолошки, а не само финансиски мотивирани.

Поранешниот извршен уредник Марти Барон ги опиша отпуштањата како „еден од најмрачните денови во историјата на весникот“, наведувајќи дека серија лоши одлуки од врвот довеле до губење на довербата и голем број претплатници.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни