Вардар е првиот финалист на ракометниот Куп на Македонија

Екипата на двократниот европски првак ќе го чека противникот од мечот Охрод – Еурофарм Пелистер, а финалето ќе се одигра утре

Екипата на РК Вардар се пласираше во финалето на македонскиот Куп во ракомет откако во полуфиналето го победи тимот на РК Алкалоид.

Мечот во регуларните 60 минути заврши нерешено 28:28 по што следуваше изведување пенали.

Во пенал серијата победи екипата на Вардар со 4:3 и така се пласираше во финалето.

Екипата на двократниот европски првак ќе го чека противникот од мечот Охрод – Еурофарм Пелистер, а финалето ќе се одигра утре во Охрид каде традиционално се игра фајнл фор турнирот во ракометниот куп.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни