Унгарија се наоѓа пред историска раскрсница. По повеќе од шеснаесет години под Виктор Орбан, земјата се соочува со фундаментален избор кој неповратно ќе ја одреди нејзината судбина: срамен лизгање кон авторитаризам инспириран од Русија, или враќање кон либералната демократија цврсто вкоренета во Европа.
Одлучувачкиот момент пристигна.
Ова е точка на од која нема враќање. Избор помеѓу држава заробена од корумпирани елити, водена од системски неказнивост и одржувана со економија која е исцедена и испразнета и покрај милијардите европски фондови или држава која им нуди вистински можности на своите граѓани, со независни судови, инвестиции во иновации и плуралистичка демократија.
Победа на Орбан би ги охрабрила екстремистите
Насоката која Унгарија ќе ја одбере сега нема да ја дефинира само нејзината иднина, туку и иднината на цела Европа. Победа на Орбан би ги охрабрила екстремните сили низ целиот континент и би претставувала тријумф на нелиберализмот во Европа. Во игра се суштинските либерални слободи. Европа не може да си дозволи понатамошна ерозија.
Орбан овие избори ги претставува како егзистенцијален избор помеѓу војна и мир. Неговата реторика е изградена врз страв. „Брисел ја уценува Унгарија”, „воените мафии во Киев ни го задржуваат нафтата” познати реченици кои се повторуваат до замор. Во неговата пропаганда, Европската унија се претвора во непријател, а поддршката за Украина се прикажува како закана за унгарскиот суверенитет.
Тоа е политика на изобличување,онаа која факти ги заменува со вознемиреност, а демократска дискусија со емоционална манипулација.
Унгарија меѓу најкорумпираните во ЕУ
Но тиранинот не е ЕУ. Уривачот е Орбан.
Секојдневната реалност во Унгарија го потврдува тоа. Орбан ветува просперитет, но прогнозите постојано се промашуваат. Платите остануваат приближно на половина од просекот на ЕУ, а животниот стандард заостанува зад поголемиот дел на Европа. Образовниот систем е под притисок, а регионалните нееднаквости се задлабочуваат.
Иако Унгарија е меѓу најголемите корисници на кохезиските фондови на ЕУ откако се приклучи во 2004 година, тие ресурси систематски не стигнуваат до оние на кои им се најпотребни. Наместо тоа, вкоренетата корупција го уништи нивното влијание и ја поткопа довербата на јавноста. Организации како Транспаренси Интернешнал доследно ја рангираат Унгарија меѓу најкорумпираните земји во ЕУ. Тоа не е само статистика, тоа е систем изграден од Орбан кој го поткопува растот, правичноста и можностите.
Маѓар може да донесе нов почеток
Алтернативниот пат е надежта за проевропска Унгариј, конструктивен и доверлив член на ЕУ и НАТО. Нашите очекувања се јасни: ново раководство кое ќе ги обнови демократските институции, ќе спроведе вистински реформи на владеењето на правото и ќе воспостави цврсти антикорупциски механизми.
Тоа не се апстрактни идеали. Тоа се практични предуслови за отклучување на европските фондови кои можат да ги трансформираат животите: подобрување на училиштата, модернизација на руралната инфраструктура, поддршка на малите бизниси и создавање добро платени работни места.
Постои надеж дека Петер Маѓар навистина може да донесе нов почеток. Тој честопати нагласува дека претставува антиестаблишмент сила онаа која не е врзана со логиката на старите партии и стои настрана од вкоренетите мрежи на моќ. Тоа е, барем, ветувачка намера која сега треба да се претвори во дела. Постојат и причини да се верува дека е сериозен во намерата да ја врати земјата на проевропскиот пат.
Ова е мерилото според кое ќе мора да се докаже. Очекуваме тоа враќање кон Европа да биде повеќе од институционална реформа. Мора да значи лекување на длабоко поделено општество, обновување на довербата во јавниот живот и враќање на чувството за правичност и можност кај граѓаните.
Ако Орбан остане, Унгарија нема да се опорави
Ако Орбан остане на власт, Унгарија нема да се опорави од неповратното демократско назадување. Земјата би се оддалечила уште повеќе од ЕУ, станувајќи сè поразорен и поопасен актер во нејзините рамки. Она што го гледаме не е привремено отстапување, туку консолидација на систем кој постепено ги урива демократските механизми за контрола и рамнотежа.
Во тој случај ЕУ ќе мора да донесе тешки, но неопходни одлуки. Земја-членка која систематски ги поткопува заедничките вредности и соработува со противниците, особено во прашањата на надворешната политика и поддршката за Украина, не може да продолжи без последици. Мора да се размисли за ограничување на правото на вето во чувствителни области и за воведување остри инструменти за заштита на интегритетот на Унијата.
Моментот им припаѓа на Унгарците
Сега овој момент им припаѓа на унгарскиот народ.
Изборот не е помеѓу војна и мир. Тој е помеѓу страв и напредок, изолација и партнерство, стагнација и обновување. Унгарците денес во свои раце го држат прашањето дали нивната земја ќе застане на погрешната или на силната страна на европската историја.
тектсо е објавен на Euronews, Валери Ајер е претседателка на групата Обнова на Европа во Европскиот парламент. Француската правничка е член на Европскиот парламент од 2019 година.