Search

Уживателите на марихуана во Чешка ќе имаат причина за насмевка

Една од земјите во која во иднина ќе биде легализиран канабисот е Чешка. Врвниот чешки експерт за политика за дроги посочи дека неговата земја ќе ги следи германските реформи за употреба на канабис за возрасни.

Во средата, министрите од германската влада одржаа прес-конференција на која презентираа двонасочен план за легализација, при што првиот вклучува легализација на поседување, домашно одгледување и некомерцијални клубови за канабис. Вториот аспект ќе вклучи воведување на пилот програми за трговија со канабис за возрасни.

Сепак следуваа информации меѓу чешката јавност дека регулативата во нивната земја ќе се разликува во некои погледи од Германија.

Чешка планира да воведе нов, регулиран пазар на канабис кој ќе им овозможи на луѓето да консумираат до 5 грама канабис за рекреативни цели на дневно ниво и да го легализира растот и дистрибуцијата на канабисот.

Според seznamzpravy.cz новите планови на владата се потрошувачите да се регистрираат во базата на податоци, а одгледувачите и продавачите да плаќаат годишни давачки. Според државниот координатор на политиката за борба против дрогата, Јиндрих Воборил со ваквиот предлог во државниот буџет на годишно ниво ќе се слеваат околу 2 милијарди коруни, односно околу 85 милиони евра.

Потрошувачите од кои се бара да се регистрираат во владина база на податоци донекаде е уникатен националниот модел на легализација на канабис, но сепак, воопшто не е сосема нов. Сличен ваков модел е применет во пилот-програмата за канабис за возрасни што функционира во Базел, Швајцарија.

Според известувањето на Expats, оние кои легално ќе одгледуваат канабис на поголеми парцели ќе имаат даноци по стотици илјади круни, а независните продавници кои ќе го продаваат, на годишно ниво, ќе треба да издвојат околу 50 илјади коруни како давачка кон државата.

Како дел од своето известување, Expats спроведе онлајн анкета во врска со реформата на канабисот за возрасни во Чешка. Резултатите покажале дека 92% од испитаниците одговориле со „да“ на прашањето: „Дали се согласувате со плановите на владата да го регулира рекреативниот пазар на канабис?“

Извор: internationalcbc.com

Најново

Последни колумни