Уживајте во сонцето уште викендов, потоа доаѓаат многу врнежи

Температурите во сабота и недела на многу места ќе достигнат или ќе надминат 15 степени, а во централните и југоисточните делови температурата ќе се искачи до околу 20 степени

Стабилното, суво и сончево време со ладни утра и топли денови ќе се задржи уште овој викенд. Веќе од понеделник се очекува постепено зголемување на облачноста, а од ноќта кон вторник во нашата земја ќе започнат обилни врнежи од дожд, проследени со засилен до силен јужен ветер.

Температурите во сабота и недела на многу места ќе достигнат или ќе надминат 15 степени, а во централните и југоисточните делови температурата ќе се искачи до околу 20 степени. Тоа значи дека викендов ќе имаме вредности над просекот за месец ноември.

Антициклонот – полето со висок воздушен притисок – постепено слабее, а од ноќта кон вторник нашата земја ќе потпадне под влијание на циклонска активност со центар над Џенова. Токму овој циклон ќе услови појава на интензивни врнежи, како и засилен јужен ветер.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни