Будењето во утринските часови е шанса да се оптимизира работата на мозокот во текот на денот. Се што правиме или не правиме во првите 60 до 90 минути по будењето може да влијае на расположението и когнитивните способности подоцна.
Многу луѓе несвесно го саботираат својот мозок веднаш по будењето и се прашуваат зошто не можат да се концентрираат или се постојано под стрес. Стручњаците тврдат дека одредени утрински навики имаат директно влијание на мозокот.
Една од најчестите грешки е веднаш по будењето да се провери мобилен телефон. Овој навика може да го поремети природниот пораст на кортизол кој го подготвува телото за денот. Д-р Патриција Шмидт советува да се почека најмалку 45 минути пред да се провери телефон, за телото природно да се разбуди.
Природното светло има големо влијание врз биолошкиот часовник. Кога утринското светло ќе стигне до очите, се активираат процеси кои ја поддржуваат будноста, регулираат расположението и го подобруваат квалитетот на сонот следната ноќ. Недостаток на светло во утринските часови може да предизвика чувство на тромост и потежок сон навечер. Се препорачува изложување на природна светлина веднаш по будењето, барем 10 минути во првите 30 минути.
Некои луѓе веднаш по будењето се фокусираат на работа, но мозокот сѐ уште е во состојба на поспаност, кога размислувањето и донесувањето одлуки се слаби. Подобро е да се дозволи телото и умот постепено да се разбудат, со светлина, избегнување екрани и лесно движење, пред да се почнат посложени задачи.
Слатките доручоци можат да предизвикаат нагли осцилации на шеќерот во крвта, што влијае на концентрацијата и енергијата. Наместо тоа, се препорачува доручок богат со протеини, кој обезбедува стабилна енергија, подобри когнитивни способности и подолг период на ситост.
По неколку часа без течност, телото е благо дехидрирано. Дури и малку дехидрација може негативно да влијае на расположението и менталните способности. Веднаш по будењето се советува да се испие чаша вода од 250 до 350 милилитри за да се надокнади изгубената течност.