Утревечер во Драмскиот Театар игра претставата „Чудесна терапија“

На 24 септември 2024 година, во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската претстава „Чудесна терапија“.

Големината на една интимна врска меѓу двајца, се мери преку одговорот на прашањето: Дали успева да постои и надвор од љубовта?
Животот е генератор на пречки кои ја носат врската во неочекувани насоки и проблеми. Начинот на кој се справуваме со нив, може да ја зацврсне, а може и потполно да ја уништи. Во ваквите моменти, комуникацијата е единственото ненасилно и ефикасно оружје што го поседуваме.
Комуникацијата е универзална способност на секој човек. Но, дали знаеме вистински да комуницираме? Се чини едноставно, но во врска, сакале или не, се’ станува комплицирано. Понекогаш и до бескрај. Разговорот знае да прерасне во кавга, кавгата во конфликт, а конфликтот во војна. А проблемот, наместо да биде решен, да роди нов, поголем проблем.
Зошто е важно да разговараме? Како да разговараме за вистински да ни помогне?
Оваа претстава се занимава со потребата од чиста и искрена комуникација како предуслов за една среќна врска. При тоа, безусловно е свесна дека во комуникациската еволуција, човештвото има уште многу етапи што треба да ги совлада, вели во освртот кон претставата режисерот Димче Николовски.

автор: Даниел Глатауер
режија: Димче Николовски
драмтург: Александра Бошковска
автор на песна: Давид Матевски
костимограф: Раде Василев
превод од германски јазик : Дориана Кокиноска Ристевска

Улоги:
ТЕРАПЕВТОТ – СОЊА СТАМБОЛЏИОСКА
ЈОАНА – МАЈА ВЕЉКОВИЌ ПАНОВСКА
ВАЛЕНТИН – ПРЕДРАГ ПАВЛОВСКИ

инспициент: Жарко Намичев
суфлер: Даница Илиева
тон – мајстор: Чедомир Младеновски
светло – мајстор: Дејан Блажевски

Цена на билет: 400 денари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни