Утревечер со почеток во 20:30 во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се случи петтото издание на мултимедијалниот настан „Клинци“ во организација на Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ со поддршката од Europe House Skopje.
Во рамки на настанот ќе се одржи книжевно читање на кое ќе настапат младите автор(к)и Дамјана Видическа, Милена Сиљаноска, Теодор Тасевски и Андреј Медиќ Лазаревски. Настанот ќе го модерира поетесата Марија Велинова.
На ова издание на „Клинци“ учество ќе земат и Skopje Collage Collectivе кои ќе се претстават со изложба составена од избор колажи од нивните предизвици. Автор(к)и на изложените колажи се Јане Вељаноски, Николета Георгиевска, Мартина Даниловска, Филип Зарков, Ива Јованова, Теодор Јуруковски, Андреј Медиќ Лазаревски, Катерина Мандариќ, Стефан Назифовски, Димитар Назифовски, Марко Трпески. Изборот за изложбата е направен од осоновачите на колективот Филипа Сара Попова и Марко Трпевски.
По настанот, во организација на кафе-книжарницата „Буква“ ќе се случи и концерт на Симеон Ангеловски Квартет – Симеон Ангеловски, бас, гитара; Андреј Петровски, гитара; Давид Георгиев, тапани и Иван Иванов, саксофон.
Со овој настан „Култура Бета“ ги затвора програмските активности за оваа година.