Уште две ирански фудбалерки побараа азил во Австралија, откако беа наречени „воени предавници“

Уште две фудбалерки од иранската женска репрезентација побараа азил во Австралија. Во Иран беа прогласени за „воени предавници“ бидејќи одбиле да ја пеат химната.

Локалните медиуми објавија дека уште две фудбалерки од женската фудбалска репрезентација на Иран побарале азил во Австралија, откако пет нивни соиграчки во вторникот добија хуманитарни визи поради безбедносни причини.

Една од фудбалерките во последен момент одбила да се качи на лет за Иран на аеродромот во Сиднеј, објави националната телевизија Еј-Би-Си Њуз, повикувајќи се на неименувани извори. Останатите играчи ја напуштиле Австралија и се вратиле во Иран.

Прогласени за „воени предавници“

Јавноста и владините агенции почнале да изразуваат загриженост за безбедноста на репрезентацијата откако на иранската државна телевизија фудбалерките биле прогласени за „воени предавници“, бидејќи одбиле да ја пеат националната химна на натпревар од Азиското првенство.

Иранската репрезентација настапувала на турнирот во Австралија токму во момент кога САД и Израел започнале воздушни напади врз Иран, при што бил убиен врховниот лидер на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи. Репрезентацијата беше елиминирана од турнирот во неделата.

Протести во Голд Коуст и Сиднеј

Фудбалерките во вторникот попладне отпатувале од североисточниот град Голд Коуст кон Сиднеј, од каде требало да се вратат дома.

Група Иранци кои живеат во Австралија се собрале на протест против иранската влада и го опколиле автобусот со играчките во Голд Коуст кога тие го напуштале хотелот и се упатиле кон аеродромот. Протести имало и на аеродромот во Сиднеј истата вечер.

Канцеларијата на иранскиот главен обвинител во вторникот соопштила дека останатите членки на репрезентацијата се повикани да се вратат во земјата „во мир и со доверба“, пренесоа иранските медиуми.

Американскиот претседател Доналд Трамп го пофали австралискиот премиер Ентони Албанезе што им дозволил на иранските фудбалерки да останат во земјата, наведувајќи на социјалните мрежи дека САД биле подготвени да ги примат доколку Австралија не го направела тоа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни