Уште 12 пациенти со изгореници од пожарот во Кочани во текот на ноќта се пренесени на лекување во три европски држави – Белгија, Холандија и Грција

Според информациите кои ги пренесува дописникот на МИА од Брисел, четворицата повредени се префрлени во Белгија со специјален авион на вооружените сили на Романија, со кој истовремено на лекување во Холандија биле пренесени уште четири други лица повредени во пожарот.   

Вкупно 12 пациенти со изгореници од пожарот во Кочани во текот на ноќта се пренесени на лекување во три европски држави – Белгија, Холандија и Грција, јавува МИА. Четворица од пациентите се пренесени на лекување во Белгија, четворица во Холандија и четворица во Грција.

Според информациите кои ги пренесува дописникот на МИА од Брисел, четворицата повредени се префрлени во Белгија со специјален авион на вооружените сили на Романија, со кој истовремено на лекување во Холандија биле пренесени уште четири други лица повредени во пожарот.   


Во текот на ноќта, со авион на грчкото воено воздухопловство од аеродромото во Скопје на лекување во Грција се префрлени уште четири пациенти. Грчкиот воен авион од Атина полетал за Скопје околу 22:30 часот, а транспортoт завршил по 2 часот по полноќ. Повредените се хоспитализирани во две воени болници во Атина.

Заклучно со нив, бројот на повредени од пожарот кои се лекуваат во Грција се искачи на 12 – петмина од нив се хоспитализирани во Солун, а седум во Атина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни