Unmixed Magazine: Не секоја забава е рејв – зборот има културна и политичка тежина

Онлајн-магазинот Unmixed Magazine реагира на сè почестата употреба на терминот „рејв“ за опишување на најразлични настани, од кафе-забави и клубски вечери, до комерцијални фестивали.

Во објава на Instagram, уредничката куќа предупредува дека со тоа се потиснува вистинската историја и значење на рејв-културата.

„Уморни сме од тоа секоја кафе-забава, клабинг вечер или комерцијален фестивал да се брендира како ‘рејв’. Зборот има многу реална политичка и културна историја, историја што заслужува почит,“ стои во пораката. Од магазинот додаваат дека користењето на терминот за сè и сешто не го прави настанот „покул“, туку ја брише борбата и движењата што ја изградиле оваа сцена.

Unmixed повикува на прецизен и автентичен јазик во електронската музичка заедница, со цел да се зачува интегритетот и вистинската културна вредност на рејв-субкултурата.

Повеќе за темата читателите може да најдат на нивната веб-страница unmixed.org.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни