Студентски мрежи во Србија: Властa се обидува да ги заплаши студентите пред годишнината од падот на настрешницата

Студентските групи тврдат дека власта користи полициска репресија и закани за да ги спречи протестите што ќе се одржат на 1 ноември.
Полициски кордон во Србија
фото: Реља Јарковачки

Вечерва, неформални универзитетски мрежи од Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Нови Пазар и Косовска Митровица издадоа соопштение во кое тврдат дека власта се обидува да ги „притисне и заплаши“ студентите пред одбележувањето на годишнината од трагичниот пад на настрешницата над влезот на железничката станица во Нови Сад, каде што животот го загубија 16 лица.

Во соопштението се наведува дека властите во последно време им се заканувале на некои студенти поради објави и афоризми на социјалните мрежи, а дека една студентка од Земјоделскиот факултет била изложена на физички и психолошки притисок од страна на полицијата.

Групите повикуваат Обвинителството веднаш да покрене постапки против сите кои биле инволвирани – „од оние кои го наредиле насилството до оние кои го овозможиле“. Според нив, изговори како „чекаме налог“ или „не сме надлежни“ се политички маневри, а не правно оправдани одговори.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни