Унгарија пред клучни избори: Орбан и Маѓар во трка за власт – гласаат над 8 милиони граѓани

Во Унгарија се одржуваат парламентарни избори со над 8 милиони гласачи. Главна битка се води меѓу Фидес на Орбан и проевропската Тиса на Петер Маѓар.

Во Унгарија денеска се одржуваат парламентарни избори на кои право на глас имаат над 8,1 милион граѓани, соопшти Националната изборна канцеларија. Според податоците, околу половина милион унгарски државјани кои живеат во странство, најмногу во Романија и Србија, ќе можат да гласаат и по пошта.

Гласачките места се отвораат во 6:00 часот, а се затвораат во 19:00 часот, додека изборниот процес се одвива во 106 изборни единици. На овие избори се избираат 199 членови на Националното собрание. Главната политичка битка се води меѓу владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан и опозициската проевропска партија Тиса, предводена од Петер Маѓар.

Според анкетите, двете партии влегуваат во тесна изборна трка, а за влез во парламентот е потребен праг од 5 отсто од освоените гласови. Прелиминарните резултати се очекуваат во изборната ноќ, додека официјалните резултати треба да бидат објавени до 4 мај, со краен рок на верификација до 18 април.

Унгарскиот премиер се избира во парламентот со просто мнозинство, по предлог на претседателот, кој обично го номинира кандидатот на победничката партија. Доколку парламентот не избере премиер, може да следи распуштање и нови избори.

Овие избори се десетти по ред од враќањето на повеќепартиската демократија во Унгарија во 1990 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни