Повикот е дел од проектот „ЕУ за Преспа – Обнова на природните ресурси и унапредување на одржливото земјоделство и туризам“, финансиран од Европската Унија и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Фокус на проектите:
- Проширување или подобрување на сместувачки капацитети (преноќишта, мали хотели)
- Развој и маркирање на велосипедски и пешачки патеки
- Промоција на обновлива енергија и енергетска ефикасност
- Нови или унапредени туристички производи поврзани со Националните паркови Пелистер, Галичица, Езерани и Преспанското Езеро
Критериуми за избор:
Проектите ќе се оценуваат според релевантност, изводливост, влијание врз заедницата и животната средина, одржливост и обезбедено кофинансирање.
Рокови:
- Краен рок за аплицирање: 14 август 2025
- Избор на апликанти: 15 септември 2025
Апликациите може да се поднесат во печатена форма во канцеларијата на УНДП во Ресен или електронски на:
📧 marijana.milevska@undp.org
📧 goce.bogoevski@undp.org
Со оваа програма се очекува да се зголемат локалните капацитети за еко-туризам, да се поттикне економски развој и да се зачува природното богатство на Преспа.