Уметник го слика турнирот во одбојка на плажа на ЛОИ на платно со четки

Фото: X/@viewsfrance

Одбојката на плажа на Олимписките игри во Париз е одбележана од Питер Спенс од Лондон, кој покрај фоторепортерите со скапите камери и леќи, успева да ги долови моментите цртајќи на платно со четки.

„Тоа е колаж од моменти. Додека фотографијата е еден специфичен момент, сликата го враќа духот на настанот“ вели 63 годишниот британски сликар.

Ова се трети Летни олимписки игри на кои Меѓународната одбојкарска федерација го ангажира Спенс да слика. Додека фотографите прават стотици, ако не и илјадници фотографии во текот на натпреварите, тој ќе креира само една слика од целиот турнир

„Како општество сме навикнати на фотографии од телефон и секој фотографира илјадници слики дневно“ вели Спенс и додава дека со неговите слики на платно се обидува да се фокусира на реалноста и ја изрази својата перцепција преку четките.

На натпреварите во одбојка на плажа, Спенс седнува на највисокиот ред на трибините, за да може да го долови целиот момент, со Ајфеловата кула во позадината. Тој вели дека оваа фотографија ќе биде посилна од тие од претходните турнири, бидејќи ќе го има и симболот на Париз во позадината.

Тој работи на сликата од почетокот на крај на натпреварите, правејќи само кратка пауза за ручек. Во моментов има само силуети од публиката и играчи, а финалните детали ќе ги наслика откако ќе се знае победникот на турнирот во одбојка на плажа.

Неговата слика нема прецизно да го отслика секој детаљ, туку тој се фокусира на одреден момент секој ден, со цел да го долови духот и возбудата од игрите.

Спенс својата прва слика ја наслика за време на Олимписките игри во Лондон, а потоа и во Рио. Ги пропушти игрите во Токио поради коронавирусот. Со текот на годините неговата љубов кон одбојката на плажа се зголеми и вели дека го почитува тимскиот дух во играта.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни