Украинските сили го ослободија селото кај Покровск

Украинската 425-та бригада го ослободи селото Новоекономичне во областа Доњецк и го подигна националното знаме, соопшти Генералштабот на украинската армија.

Украинската 425-та бригада го ослободи селото Новоекономичне во областа Доњецк и го подигна националното знаме, соопшти Генералштабот на украинската армија.

Селото, кое пред војната броеше речиси 2800 жители, се наоѓа околу 14 километри северозападно од градот Покровск. Украинските единици воделе борби околу две недели, по што вчера знамето било подигнато во центарот на селото.

Засилени руски напади кај Покровск
Од средината на јули селото на картите на аналитичката куќа DeepState се појавуваше како „сива зона“, што укажуваше на континуирани борби.

На 24 август украинските сили повторно воспоставија контрола и врз селото Новомихајливка во Доњецката област. Во меѓувреме, Русија продолжува со интензивни копнени офанзиви на истокот на Украина, концентрирајќи го најголемиот дел од своите сили во секторот Покровск со цел да го заземе клучното логистичко седиште.

Овој територијален напредок ѝ овозможува на Москва подобра позиција во потенцијалните мировни преговори, додека американскиот претседател Доналд Трамп настојува да постигне договор за завршување на војната. Според пишувањата, планот на Кремљ за мировен договор предвидува повлекување на сите украински сили од Доњецката област, односно целата територија да ѝ припадне на Русија во замена за замрзнати линии на фронтот на останатите сектори.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни