Украинските напади не престануваат да ја погодуваат руската енергетска инфраструктура

Нов напад врз Уст-Луга покажува дека Украина продолжува со засилени удари врз руските нафтени капацитети и извозни терминали.

Украински дронови ноќеска повторно го нападнаа руското балтичко пристаниште Уст-Луга, при што, според извори на Reuters, бил погоден терминал за товарење сурова нафта. Станува збор за петти напад врз ова пристаниште во последните десет дена, во момент кога Киев значително ги засилува ударите врз руската нафтена извозна инфраструктура.

Уст-Луга е едно од најважните руски извозни пристаништа на Балтичкото Море и нормално обработува околу 700.000 барели сурова нафта дневно. Според Reuters, штетата врз терминалот би можела дополнително да ја продлабочи кризата со рускиот извоз, кој веќе е под притисок по серијата напади врз Уст-Луга и блиското пристаниште Приморск.

Гувернерот на Ленинградската област потврдил дека има штета во пристаништето, но не навел детали за објектот што бил погоден. Во нападот биле повредени три лица, меѓу нив и две деца, а оштетени биле и неколку објекти во околината.

Во последните недели Украина интензивно ги таргетира руските енергетски капацитети, обидувајќи се да удри врз приходите од нафта во време кога високите светски цени дополнително ѝ одат во прилог на Москва. Reuters наведува дека комбинацијата од напади со дронови, оштетени цевководи и заплени на танкери веќе нарушила околу 40 отсто од рускиот извозен капацитет на нафта.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни