Украинскиот министер за одбрана: Оваа војна не треба само да се паузира – мора да се заврши

Велика Британија и Европа мораат да ја зајакнат својата одбрана и да се вооружуваат побрзо од Русија, изјави украинскиот министер за одбрана Денис Шмихал во интервју за The Times, предупредувајќи дека Владимир Путин се подготвува за војна со НАТО.
epa12029412 A handout photo made available by the National Guard of Ukraine shows the site of a rocket strike in Sumy, Ukraine, 13 April 2025, amid the ongoing Russian invasion. At least 32 people were killed, including two children, and 84 people were injured, including 10 children, after a Russian rocket hit downtown Sumy in the morning, according to a report by the State Emergency Service. EPA-EFE/NATIONAL GUARD OF UKRAINE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALESHANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Шмихал истакна дека рускиот претседател покажал „агресивни намери“ за следната деценија, и дека по каков било мировен договор, Русија повторно ќе нападне.

„Не треба само да го паузираме овој војна. Мора да ја завршиме. Не смееме да им дозволиме на Русите повторно да нападнат“, рече тој по средбата со новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, и со европските министри за одбрана.

Шмихал предупреди дека Русија го забрзува производството на артилериска муниција, ракети и тенкови, како и мобилизацијата на нови сили – и тоа и покрај разговорите за мир.

„Во својата воена доктрина, тие веќе се подготвуваат за конфликт со НАТО. Европа мора да биде подготвена – со добро обучен кадар, безбедносни гаранции и заедничка, координирана реакција“, рече министерот.

Само неколку часа по неговите изјави, Полска, со поддршка од НАТО-сојузници, собори руски дронови над својата територија, во најголемото нарушување на полскиот воздушен простор од почетокот на војната.

Министерот предупреди дека било каков мировен договор со Русија би значел само нова трка за вооружување – три до четири години во кои Русија ќе се подготвува за нов напад врз Украина и, потенцијално, Европа.

„Ќе биде потребна масовна повторна милитаризација, финансирана со милијарди евра, за да се спречи нова руска агресија“, вели тој.
„Не треба да го гледаме тоа како Армагедон – туку како реален сценарио за кое мора да бидеме подготвени.“

Шмихал предложи, во случај на мировен договор, Европа и Велика Британија да распоредат војници на украинска територија – во бази и командни центри – за да можат веднаш да реагираат доколку Русија го прекрши договорот.

Овој пристап, според него, би бил сличен на принципот од Член 5 од Повелбата на НАТО, според кој напад врз една членка значи напад врз сите. Но, останува прашањето дали европските сили би смееле да одговорат со сила или би се повлекле.

Министерот исто така зборуваше за можноста за зона без летови над Украина, постојан надзор од американски и сојузнички авиони, како и фронт контролирана со дронови, кои би ја следеле секоја повреда на мировниот договор.

Украина, според него, мора да произведува најмалку 400.000 дронови месечно за да може да се носи со руските напади – Русија испраќа стотици дронови дневно, таргетирајќи војници и цивили.

„Ова е целосно нова форма на војување“, рече Шмихал.
„И Украина и Русија веќе користат дронови кои убиваат без човечка интервенција.“

Тој додаде дека Украина и Европа треба заеднички да развиваат нови типови оружје, кои потоа би се тестирале директно на бојното поле.

Во изјава од Велика Британија, Шмихал се заблагодари што таму „дронови не летаат постојано над главите“, опишувајќи ја ситуацијата во Украина:

„На оддалеченост од 10 до 40 км од фронтот, ништо живо не може да се движи. Дроновите сè уништуваат – тоа е зона на смрт.“

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни