Украински дронови погодија нафтена рафинерија во Русија – гори постројката во Саратов

Руските власти потврдија дека беспилотни летала оштетиле цивилна инфраструктура, додека Украина не ја коментира операцијата.
Slika od predizikan pozar pri napad
Screenshot: X

Нафтената рафинерија во рускиот град Саратов беше нападната во текот на ноќта со украински дронови, потврди гувернерот на регионот Роман Бусаргин. На социјалните мрежи се појавија видеа што, според локални извори, го прикажуваат моментот на експлозијата и големиот пожар во постројката.

Oбјави на Телеграм покажуваат дека дроновите оштетиле цивилна инфраструктура, без притоа директно да потврди дека е погодена самата рафинерија. По инцидентот, привремено било воведено ограничување на летовите на регионалниот аеродром, соопштија руските медиуми.

Според независни извори, цел на нападот била рафинеријата на компанијата „Роснефт“, која годишно преработува околу седум милиони тони сурова нафта и произведува повеќе од дваесет видови нафтени деривати, меѓу кои бензин, дизел и лoживо масло.

Нападот во Саратов доаѓа во време кога Русија бележи зголемен број експлозии и пожари во енергетските постројки, кои Москва сè почесто ги припишува на украински дронови.

Според податоците на украинскиот Генерален штаб, во 2023 година истата рафинерија преработила околу 4,8 милиони тони сурова нафта, што ја прави еден од најважните објекти на руската енергетска мрежа.

Саратов е клучен индустриски центар, сместен околу 150 километри од границата со Казахстан и околу 600 километри источно од украинската линија на фронтот.

Руските власти сè уште не објавиле официјални информации за бројот на повредени или за обемот на материјалната штета, додека украинските претставници традиционално не даваат коментари за операции во рамките на руска територија.

Нападите на нафтени постројки во внатрешноста на Русија во последните месеци се дел од новата стратегија на Киев, насочена кон нарушување на руската воена логистика и снабдување со гориво. Аналитичарите оценуваат дека ударите врз инфраструктурата имаат за цел да го ослабат производниот капацитет на Москва и да создадат психолошки притисок врз руската јавност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни