Украински дрон погоди танкер во руски град Ростов: има загинати меѓу екипажот

Украинските сили извршија дронски напад врз танкер во руската лука Ростов на Дон. Руските власти потврдуваат загинати и сериозна штета, без истекување нафта.

Украинските сили во средата попладне извршија напад врз танкер во руската лука Ростов на Дон, при што има загинати меѓу членовите на екипажот.

Ова го соопшти гувернерот на Ростовската област, Јуриј Сљусар, кој на платформата Телеграм објави дека „украински воздушен напад со дронови сериозно го оштетил танкерот“, додавајќи дека според првичните информации има и засега непознат број загинати членови на екипажот.

„Итните служби гаснат пожар на танкерот кој беше погоден додека беше закотвен, во напад со дрон. Истекување на нафтени деривати е избегнато“, пренесуваат руските медиуми.

Сљусар наведе и дека нападот оштетил помал дел од градската инфраструктура.

Напад ден по говорот на Путин

Нападот уследи еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ќе ги оствари своите цели во Украина „на овој или на оној начин“, односно по дипломатски или воен пат.

Путин истакна и дека руските сили во текот на целата 2025 година се наоѓаат во „голема офанзивна иницијатива“ и дека се подготвени да ја забрзаат офанзивата. Според руските тврдења, во текот на годината што изминува тие зазеле повеќе од 300 населени места на подрачјата каде што моментално се водат борби меѓу украинските и руските сили.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни