Украина изведе нов напад со дронови, овој пат најдлабоко на руска територија.
Украински дрон ја погоди руската рафинерија Орск, во регионот Оренбург, оддалечена околу 1.400 километри од украиснко-руската граница, објави украински канал на социјалната мрежа Телграм.
Рафинеријата Орск произведува бензин, како и керозин, а има вкупен капацитет за преработка на 6,6 милиони тони нафта годишно.
Според украинскиот канал, погоден бил дел од преработувачката единица реновиран и модернизиран во 2014 година.
„Анализата на фотографиите и видеата покажува дека нападот е извршен од беспилотни летала AN-196 „Љути“. Според геолокираните материјали, погодена е хидропреработувачката единица LCh-24-2000 за бензин и дизел, модернизирана во 2014 година за подлабоко прочистување на горивото и усогласување со новите еколошки стандарди“ пишува украински блогер.
Покрај овој, Украина изведе и напад врз нафетно складиште сместено на окупираниот полустров Крим