Украинската ПВО неутрализирала 80 од 95 руски дронови во ноќен напад

Нападот бил изведен од повеќе правци, вклучувајќи територии во Русија и привремено окупираниот Крим, соопштија украинските воздухопловни сили

Силите на противвоздушната одбрана на Украина во текот на изминатата ноќ неутрализирале 80 од вкупно 95 руски беспилотни летала, соопштија Воздухопловните сили на Украина преку нивниот официјален канал на Телеграм.

Според соопштението, нападот бил изведен од повеќе правци, меѓу кои и од руските области Милерово, Курск, Орел, Брјанск и Приморско-Ахтарск, како и од привремено окупираниот Крим.

Околу 60 од употребените беспилотни летала биле од типот „Шахед“, кои Русија редовно ги користи за масовни ноќни напади врз украинската територија, наведуваат украинските власти.

Нема официјални информации за евентуални штети или жртви, а проценката на последиците од нападот е во тек.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни