Украина: Соборивме руски хеликоптер над Црното Море

„Украинската морнарица уништи непријателски Ка-27“, се вели во соопштението, а други детали за операцијата не се објавени

Руски поморски противподморнички хеликоптер Ка-27 е уништен над Црното Море, соопшти украинската морнарица.

Во краткото соопштение се наведува дека хеликоптерот бил погоден од сили и средства на украинската морнарица.

„Украинската морнарица уништи непријателски Ка-27“, се вели во соопштението. Други детали за операцијата не се објавени.

Ова уништување следи по неодамнешниот напад во февруари. Имено, ноќта помеѓу 16 и 17 февруари, украинските сили соборија руски повеќенаменски поморски хеликоптер од ист тип, Ка-27, во близина на селото Камишли во окупираниот Крим.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни