Украина синоќа соборила 148 руски дронови

Регистрирани се пет напади со дронови, при што се погодени четири локации, како и соборени дронови (фрагменти) што паднале на седум локации

Руските сили ја нападнаа Украина со 154 дронови, од кои околу 90 биле ирански „Шахеди“, соопштија воздухопловните сили, а пренесува Украинска Правда.

Според украинската војска, 148 од нив биле соборени.

Регистрирани се пет напади со дронови, при што се погодени четири локации, како и соборени дронови (фрагменти) што паднале на седум локации.

Се известува дека руски  дрон уништил приватна куќа  во Запорожје, каде што живеело целото семејство – двајца родители биле убиени.

Истовремено, поради руските напади врз енергетската инфраструктура, градот Чернигов останал целосно без електрична енергија, соопшти градскиот совет.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни