Украина прифати 30 дневен прекин на огнот, САД велат дека топката сега е кај Путин

Украина се согласи да прифати итен 30-дневен прекин на огнот во конфликтот со Русија за време на разговорите со американските претставници во Саудиска Арабија, се вели во заедничката изјава на земјите.

Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека сега ќе ја пренесе понудата до Русите и дека топката сега е кај Москва.

Соединетите Американски Држави, исто така, ќе продолжат да споделуваат разузнавачки информации со Киев.


Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој исто така беше во Саудиска Арабија, но не учествуваше во разговорите, рече дека прекинот на огнот е „позитивен предлог“, кој ја покрива линијата на фронтот во конфликтот, а не само борбите по воздушен и морски пат.

По повеќе од осум часа разговори, двете страни издадоа заедничка изјава во која се вели дека Украина е подготвена да го прифати предлогот на САД за итен, привремен 30-дневен прекин на огнот, кој може да биде продолжен со заеднички договор на страните, што е предмет на прифаќање и спроведување од страна на Русија.

„Соединетите Американски Држави ќе и соопштат на Русија дека рускиот реципроцитет е клучот за постигнување мир“, се вели во соопштението.

„САД веднаш ќе ја укинат паузата за споделување разузнавачки информации и ќе ја продолжат безбедносната помош за Украина“, се вели во соопштението.

Двете страни, исто така, рекоа дека Вашингтон и Киев се согласиле да склучат што е можно поскоро сеопфатен договор за развој на критичните минерални ресурси на Украина, договор што се работеше со недели и беше фрлен во неизвесност со жестоката средба во Белата куќа меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Зеленски минатата недела.

Зеленски рече дека двете земји ќе работат на финализирање на договорот за минерали. Врвен помошник на Зеленски рече дека опциите за безбедносни гаранции за Украина биле разговарани со американски официјални претставници. Помошникот не ги кажа деталите за опциите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни