Три лица, меѓу кои и двајца полицајци, загинаа во експлозија во Москва, соопштија руските власти. Рускиот истражен комитет соопшти дека двајца сообраќајни полицајци на улицата „Елецкаја“ забележале „сомнително лице“ во близина на полициско возило. Кога ѝ се приближиле за да ја приведат, експлозивната направа била детонирана.
Двајцата полицајци починале од повредите, како и уште едно лице кое во тој момент било во близина на местото на експлозијата. Портпаролката на Истражниот комитет Светлана Петренко објави на Телеграм дека е отворена кривична постапка за инцидентот.
Руските медиуми ги објавија идентитетите на загинатите полицајци: Илја Климанов (24) и Максим Горбунов (25). Горбунов го преживеаја сопругата и деветмесечната ќерка.
Извори од украинската воена разузнавачка агенција (ГУР) потврдија за „Киев пост“ дека агенцијата била вклучена во нападот. Изворите наведоа дека двајцата убиени полицајци учествувале во руската инвазија на Украина и мачеле украински воени заробеници.