Украина очекува нов силен напад врз Киев, 203 инфраструктурни објекти со најголем степен на заштита

Зеленски објави дека Украина штити 203 од најважните инфраструктурни објекти со приоритет на воздушната одбрана, кои се поврзани со енергетскиот и гасниот систем

Најмалку осум лица се повредени во вчерашниот масовен напад на руските сили врз енергетските објекти во Киев.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека е можен нов руски напад врз Киев во наредните денови и ги повика жителите на главниот град да подготват залихи од вода, комплети за прва помош, храна и да ги полнат автономните уреди за напојување.

„Ситуацијата е комплицирана. И да ја кажеме вистината и да не се лажеме себеси. Бидејќи непријателот не запира. Се предвидува нов напад во наредните денови“, напиша тој на Телеграм, пренесува Укринформ.

Нападите на Русија врз инфраструктурата ги смени приоритетите на украинската одбрана, а тоа го потврди и украинскиот претседател Володимир Зеленски

Зеленски објави дека Украина штити 203 од најважните инфраструктурни објекти со приоритет на воздушната одбрана, кои се поврзани со енергетскиот и гасниот систем, како и со водоснабдувањето. „Не сакам точно да кажам што направивме и колку системи имаме, но разбирате дека станува збор за 203. Има уште многу објекти, но зборувам за клучните – оние поврзани со енергетиката, гасните системи, водоснабдувањето итн.“, им рече Зеленски на новинарите, објави денес Укринформ.

Војната во Украина почна во фецруари 2022 година и трае 1.325 дена. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни