Украина објави снимка од нападот врз руски танкер за нафта во Медитеранот

Украинската армија тврди дека погодила руски нафтен танкер од „флотата под сенка“ кој пловел во Медитеранот

Украинската армија тврди дека погодиле руски нафтен танкер од „флотата под сенка“ кој пловел во Медитеранот, а како доказ за тоа доставија и снимка.

Снимката што ѝ ја дал извор во украинската безбедносна служба (SBU) на Би-Би-Си во Киев, се чини дека го прикажува танкерот – за кој се вели дека е „Кендил“ под знамето на Оман – како плови по отворено море. На снимката може да се видат серија експлозии во различни делови од танкерот.

Изброот од СБУ изјавил за Би-Би-Си дека ова е нивниот прв ваков напад во неутрални води. BBC Verify потврди дека обликот на бродот во видеото е во согласност со достапните слики од „Кендил“.

Податоците за локацијата пренесени од „Кендил“ го сместуваат танкерот на 96 наутички милји југозападно од грчкиот остров Крит пред неколку часа. Алатката за следење на бродови „MarineTraffic“ покажува дека танкерот влегол во Средоземното Море од Суецкиот Канал на 16 декември.

Според изворот, бродот кој бил празен за време на нападот, претрпел критична штета, додека пак други извори тврдат дека има и загинати, меѓу кои и еден руски генерал.

Засега нема никаква реакција од руска страна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни